БРИТАНСКИТЕ ВОЕНИ МИСИИ ВО ДЕЛОТ НА МАКЕДОНИЈА ПОД ГРЦИЈА И МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ По капитулацијата на Грција на 23 април 1941 година и поразот на британските експедиционен корпус на островот Крит на 2 јуни 1941 година Балканот и островите на Егејското Море влегле во сферата на германските завладувања.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
По влегувањето на Британскиот корпус, Атина била окупирана.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
По капитулацијата на Кралството Југославија (18 април 1941) и Грција (23 април 1941), поголемиот дел од британскиот експедиционен корпус бил префрлен во Египет, а еден дел од грчките и британските единици се повлекле на островот Крит, кој британската влада од стратегиски причини сакал да го задржи по секоја цена.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во таква ситуација британскиот политички врв бил ставен пред нов предизвик, како да го врати британското влијание на Балканот, имајќи предвид дека Балканот се сметал за британска интересна сфера.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
По повлекувањето на Британскиот експедиционен корпус и на грчката војска од Крит, на 2 јуни 1941 година и последниот британски војник бил исфрлен од Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Имено, непосредно по напуштањето на германските единици на Пиреа и Атина, Британскиот експедиционен корпус на 14 октомври 1944 година, влегол во Грција, како што било договорено во Квебек меѓу САД и Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)