Помислете само дека електронската информација го урна берлинскиот ѕид.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Исто како што равенките на големите германски филозофи, Ајнштајн, Хајзенберг и Планк ги сведоа Њутновите закони на ограничена употреба и ја растворија тврдата, молекуларно-атомска материја во бранови на електронската информација, Џојс и Пинчон и Бароуз ја разбија, со ласерска прецизност, граматичката структура и семантичката машинерија на стариот, класичен јазик на Шекспир.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Идејата на индивидуалност што во шеесеттите ги зарази Американците дефинитивно се прошири низ светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Задоволување на потреби. Хемикалии и екрани шприцаат електронски информации во очните школки и ушните тапани, активирајќи ги мозоците.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Младите умови изложени на слободното ширење на електронските информации одеднаш расцветуваат како цветови во пролет.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Младите луѓе од целиот свет мутираа, како што предвиде Маршал МекЛуан, преку високо комуникабилните меми: документарни филмови, рокенрол музика, MTV, пиратско емитување, сето тоа доаѓа до нив преку Американско-Јапонските телевизиски екрани.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ова не е политичка револуција; тоа е повеќе нешто како културна еволуција. Бран на електронска информација. Појава на една нова раса.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Моќта, рекол Мао, доаѓа од цевката на пиштолот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Јунските демонстрации од 1989 г. на плоштадот ТиенАнМен беа класично повторување на Чикаго 1968 и Кен Стеит 1970.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Одеднаш, младите ширум светот носат џинс и ја слушаат Џон Леноновата „Дајте му шанса на мирот“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)