Жедни бевме за одмор. Во хотелот „Киев“ таа ноќ имаше бал, а сето тоа нѐ однесе во некоја нестварност, во соништа, можеби поради заморот што го чувствувавме.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Отец Стефан истапи чекор понапред, погледна во Филозофот со нескриен жар во очите, оти жеден беше за слава и пофалба, па прослови: „Ноќта откако логотетот ми издаде заповед и замина на спиење, јас влегов во храмот; калем зедов и книга, и црвило, и до полноќ се обидував да смислам писмо ново, букви подобни за владетелот наш.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)