- На таквите секогаш им е лесно, - застенка Барбут- бег. –Тие лежат, а ние влечеме товар и се потиме.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Летото се погоди жешко, секој што ќе кренеше глава со отворени очи кон небото мигум стануваше слеп од силното и блескотно сонце, дождови ретко паѓаа, а и ако паднеа испаруваа пред да се допрат до жешката и сува земја.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И во лета жешки и во зими бели децата ги учел сто години цели.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Кожата на врвот на показалецот стана жешка и отрпната додека го вртеше тркалото како ќе му дојдеше не знаејќи не ли промашил само малку пред тоа со иста комбинација.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога ја погледна беше жешка и оросена со пот, на чаршавот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Онаа густа топлина, онаа топла, мека болка, сега го заплиснуваше при секое ново и заедничко нивно пречекорување, а еднаш таа не можеше да не почне да му се насобира во грлото и тука да го грее, да тлее меко, згуснувајќи се, сѐ додека не беше свесен како тоа почнува и да му се тркала по двете страни од лицето надолу, кон слепоочниците со еден ист таков жежок и мек допир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)