Татко го најде и другото значење на зборот табан на турски, кое се однесувало на железниот дел на пушката помеѓу кундакот и цевката, кој се прави од посебен вид железо, познат на турски како taban или namli.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мислеше дека треба да биде мирен, најмирен денеска, кога од тоа зависеше дали ќе продолжи да биде гладен, и така пробиваше бесшумен нагоре, со едната рака постојано врз пушката, чиишто железни делови почнуваа да му се лепат за прстите од студот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Нејзините железни делови просто му се вкопуваа во прстите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Татко потоа ја посочи честата употреба во балканските јазици и на турските заемки: џиггер, џигерица, на турски cier (од персиско потекло igеr) и полукалките бел и црн џиггер (на турски аkсiеr и kаrасiеr); дамар, со значење, вена, жила, крвен сад, пулс, на турски damar, го има непроменет во балканските јазици; сурат, лице, образ, физиономија, со потекло од арапскиот збор suret, во повеќе балкански јазици постои како сурат; чере, за разлика од зборот сурат, се употребува за означување изглед на лицето, израз) и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)