Во ќошот на женскиот кат, задолжително стои „месарскиот ковчег" — ноќвите, до него крбла со брашно, па амбарче кај чорбаџиите; а најдолу се наредени подниците, вршниците, а врз нив кацијата за посипување.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дури и тогаш не можеше на раат да се излафи со него, бидејќи зимното време не им позволуваше да си постелат сами на чардакот или на амбарот, ами беа принудени да спијат дома на женскиот кат, заедно со брата си Стоја, со Митра и со сите нивни деца та не можеа и салам да се завртат, a камо ли да си проговорат нешто „шепни покров“ како маж и жена невидени одамна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Старата постелка е фрлена на женскиот кат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Требаше да му постелиш на женскиот кат, ама ете а грешиме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)