Еве, јас сум жив доказ за тоа: по многу упорни обиди и залагања, вчера конечно добив охрабрувачки и-меил од една продуцентска куќа (заради професионална дискреција ќе го премолчам името на испраќачот, па во понатамошниот текст ќе ги нарекувам Џиги Миги Ентертејнмент).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега се стискаат тајни шеп-шеп шепотари и јавни вревачи по фудбалските натпревари - жив доказ дека сегашноста сепак му завидува на минатото, тука, каде што некогаш сетики врвел и Јане Сандански, со очила за сонце и со џепен саат закачен за реверот со сребрено синџирче, а зад него, се разбира, врвеле и тајни агенти кои му ставале сопки на времето кога ќе подзабрзало.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Доктор Сашко Кедев слегува од врвот на светот како жив доказ дека на храбриот му прилега и да е среќен и да раздава потем од својата среќа.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Понатаму, дури и за оние со стриктно инженерска ориентација, на луѓето можат да гледаат како на жив доказ за можноста на интелигентните машини.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Под два лака долу спокојно си течеше судбината - жив доказ дека секој оган не се гаси со вода.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Оти тој е живиот доказ за постоењето на вистинската љубов: таа ја гледаше во него љубовта секој ден, секој миг од неговиот живот, во неговите очи, сини и бистри, исти како очите на татко му, онакви какви што таа ги паметеше оттогаш кога и тој вистински ја љубеше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)