Во неговите секогаш живи очи на малото лице Татко насети прикриена тага.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Да се сетеле, сигурно би го раздробиле витражот на уште поситни парченца, до непостоење на боите, на ова останато живо око на некогашната катедрала, извор на далечната божја светлина...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тоа што не успеваше да го каже со зборови, се обидуваше да го дополни со живите очи, со тие за нас постојани извори на сина добрина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Беше ситен и жилав, благ во лицето и уште поблаг во зборењето, работлив и сиромав, со живи очи, сиви мустаќи, јаки безболни заби.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Најпосле „Овоштарница“, но внатре плодовите беа вообичаени. – Постои ли во градов специјализирана продавница за јужно овошје? – Како да не! – се насмеа момичето со живи очи – Продолжете право, па по втората уличка на лево ќе избиете кај плоштадот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
„Ама нејзе ѝ се ближи триесеттата”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Алегра, онаа малечкана црнка со живи очи?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ги зачуди и Дедомразовите живи очи, иако неговото срце, подзапалено од симпатијата, во одредени моменти знаеше да се соземе, да падне на земја смирувајќи ја топката огнена што удира во мирните вијуги на неговиот мозок.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Беше ситен и жилав, благ во лицето и уште поблаг во зборењето, работлив и сиромав, со живи очи, сиви мустаќи, јаки безболни заби.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Зар не гледаш како треперат во твојата крв Нивните живи очи?“
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)