Мажите рекоа Тпвуу, `бати животот и со голите петици ги нагнетија плуканиците во земјата, а жените и чупите, ги симнаа шамиите, ги распуштија косите и зедоа и тие да редат заедно со Атанаса, зашто тоа што се случи со чупите Ѓореви, со Милица и Милјана, е најжалосното нешто што може да му се случи на родител, на брат, на ближен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Го редеше Атанас сиот сој Дамчески, од кој, откако се знае во Потковицата за Дамческите, толкумина паднаа за жална Македонија; го редеше Атанас татка си свој, Ѓорета Дамчески, кој, одејќи по патиштата на дедовците и стриковците, и по патиштата на татка си Блажета Дамчески, уште, од младешки години окапа по затвори, за истата таа Македонија, а таа, кога се ослободи и кога тој им беше најпотребен на децата, на жената и на имотот, го затвори; ја редеше Атанас мајка си Илинка Дамческа, на која, при жив маж, ѝ помина животот како на вдовица, во црнина, ги редеше Атанас браќата свои, кои при жив татко беа небаре сираци, потурнати, а кога зеде да ги реди сестрите, Милица и Милјана, е, тогаш - на сите кои го слушаа им препукнаа срцата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Да беше жив татко ѝ, а посебно дедо ѝ, можеби ќе се противеа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Дали е жив татко ми?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И каде се наоѓа?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кој е тој?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Притоа најмалку ме загрижува околноста дали некого навредувам или не.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Јас не бев од оние синови, фројдовски речено, кои го убиваат татка си во себе, за да воскреснат, напротив јас настојував да го одржам жив татко ми во себе. И тоа во повеќе компоненти, слоеви. Првин во однос на тишината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На невестата толку многу је се нажалило, гледаеќи колку девер је го љубит мажа је, брата си, от една страна, а колку мажот је го пизмел брата си, от друга, шчо му се врлила на вратот и ватила да ронит солѕи као дож, да липат и да немојт да одгоорит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И види вамо! Коа ќе се врата околу ужина, ако не чуја да тажиш во куќава, глаата ќе ти поет!“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Едно време си биле двајца браќа. Дури бил жив татко им, работиле по негоата поела: кој одел на чифлик, кој со офци.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Мајка ми за ова никогаш не спомна додека беше жив татко ми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Да беше жив татко ти, ќе те задржеше!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во други времиња, да беше жив Татко, ќе беше вистински празник за неговата душа, а и Мајка немаше да го крие своето љубопитство, својата возбуда. Но сега беа други времиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)