Падот во адот нѐ стори инвалиди со душите пелин, заробени темни се спремаат ѕверови да нѐ јадат живи а ние гледаме ко сведоци неми
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Ќе остане да ве спотнува вас, живите
а со мене, напуштена, ќе се подбива ли,
ќе се подбива!
____
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но ако срам ме залиса оти сум жив а закопан, кажи ми, кажи, Фиданче кај да се кријам со лице?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Затоа ги молам сите живи а на умрените — нивните потомци, да не го земаат за зло и навреда ако се прикажани како негативни личности.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)