Слабите отпадници од разните животински видови, немајќи простор во кој би можеле да се сокријат од своите надмоќни роднини, си нашле татковина во крилото на ноќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Слугите и селаните ги сметаше за посебен животински вид, сличен на неа и нејзините, но поблизок до светот на животните.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Прв излегува Мистер Том, сопственикот на зградата (латински: лендус лордус), во својата секојдневна потрага по загрозените животински видови - станарите што задоцниле со плаќање на киријата.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Клучен доказ е тоа што ниту еден животински вид такво нешто не практикува... како па за сѐ друго да сме идентични со животните: пиеме кафе ко жирафи, играме шах ко фоки, сурфаме по Интернет ко двогрби камили, те цепиме атом ко млади мајмуни.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Сета оваа пасторална идила нагло исчезнува со појавата на добриот комшија Лари, којшто (привлечен од звуците на другите животински видови) полетно дотрчува во потрага по жртва на којашто ќе ѝ ја раскаже најновата епизода на својата омилена мамутска серија.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Можеме да си замислиме каков би бил изоморфизмот меѓу различни личности, или дури различни животински видови.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во текот на многу генерации, тие усовршени карактеристики стануваат поизразени во рамките на еден животински вид, и од развојот на тие особини зависи кои видови ќе опстанат, а кои ќе исчезнат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Но таквото преживување е дел од големата еволуција, од напредокот на животинските видови. И на човечкиот род.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Новите поколенија можат да бидат посилни, побрзи, поснаодливи од своите родители – и тие особини да им ги пренесат на своите потомци, кои понатаму ќе можат уште повеќе да ги усовршуваат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оние слабите ќе ги снема, тоа е законот на овој свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)