Наместо да биде телесен, животински чин што може да се доживее како недостоинствен, гнасен, срамен и изопачен (барем, ако го правиш како што треба), архитектонската реставрација, музичката изведба или собирањето уметнички дела не само што се општествено угледни, јавнодуховни и фалодостојни туку и тие, токму како и модернистичката апстракција во овој еден поглед, овозможуваат искупителска шанса да се надминат телото и неговите функции – да се избега од избербатениот идентитет на (хомо)сексуален субјект и од сета стигма што оди со него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разбирливо е што она што геј-мажите би го вреднувале и би го негувале во тие дејности е токму тоа што милостиво се изземени од сексуалноста и, со тоа, од обвинителна осуда, било од други, било од самите геј-мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Само помислете на Либерачи (кој во слободно време беше и реставратор на куќи): само благодарение на тоа што си изградил сложен вештачки идентитет на отмен и гламурозен уметник, на ширач на висока музичка култура, можеше да го поништи презирот што инаку ќе си го навлечеше затоа што беше онаква кралица.362
Нема сомнение, извесен дел од привлечноста на настраните културни практики за геј-мажите лежи токму во нивната далечина од отворената сексуалност: тие на геј-мажите им овозможуваат други облици на настран израз од оние строго сексуалните.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И, навистина, голем дел од машката геј-култура благува во дејности што – за разлика од геј-сексот, кој општествено се осудува како ненормален и неприроден – будат сеопшт восхит од стрејт-општеството, сѐ додека подразбираат разубавување на светот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)