Татко го поведе Игора Лозински во својата библиотека во која светеше жолтата ламба. Ја подзасили светлината.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Светлината од жолтата ламба среде татковите книги со ноќи не догоруваше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мајка, која како да беше не само чувар на Татковата библиотека туку и на неговиот сон, го подзеде тивко и несетум речникот и ја згасна жолтата ламба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Многу години по Татковото заминување, кога ќе светнеше жолтата ламба среде татковите книги, ние верувавме дека Татковата душа е тука, крај неговите книги кои таинствено, во долгите ноќи, продолжуваше да ги прелистува Мајка... ***
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А и ние знаевме, таа око не склопуваше додека зрачеше жолтата ламба од татковата соба.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Рано в мугри и доцна во ноќта, на светлината од жолтата ламба која си ја донесе дури од Цариград, ги читаше своите книги и размислуваше.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога згаснуваше тивко неговиот живот и тој повеќе не можеше со нас, израснатите деца, ниту сам до железничката станица, остануваше до длабоко во ноќта со отворена книга, крај жолтата ламба, како ноќно сонце на неговиот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога се вративме дома татко ми остана долго да чита во ноќта. Никако да згасне жолтата ламба.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)