Блаженото чувство дека е сам со забранетата книга, во соба без телекран, уште не го напушташе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој ќе види и во Татко друг Дон Кихот од Исток со спасените источни книги, кои потешко можеа да се најдат во индексот на забранетите книги зашто поголемиот дел од нив беа пишувани на старотурската османица, а тој во градот веќе се сметаше за неприкосновен познавач на овој јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Награда “Златен прстен” за поетски опус, на “Феникс” и Фондацијата “Македонија презент” (2012).
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
- Награда „Браќа Миладиновци“ на јубилејните 50-ти Струшките вечери на поезијата, за најдобра поетска книга објавена меѓу два поетски фестивала, за стихозбирката „Забранета книга“ (2011).
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ниту една книга не може да биде Забранета книга. Вжештувањето на кладата Постепено не внесува Во делот На ненапишаното.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Тоталитарниот фанатизам на калифот Омар, покажан со запалувањето на драгоцените книги на Александриската библиотека, ќе го покажат и протагонистите на Римската Империја кои ќе го воспостават индексот на забранетите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И загубената книга си имаше место во библиотеката, низ силниот спомен за неа, како и многу други исчезнати и забранети книги.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И самиот Климент Камилски може да се рече дека имаше судбина на балкански Дон Кихот во однос на своите забранети книги кои вешто ги криеше во својата библиотека, уште во периодот кога му беше мил на повоениот период и кога беше високо вреднувано неговото доброволно учество во Граѓанската војна во Шпанија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)