Уште поскандалозни се 9-те прекршочни поведенија за работодавачот кои се предвидоа во чл. 265-а, меѓу кои спаѓаат и основите ако „работодавачот се обиде да оствари или остварува забранет надзор над синдикатот“, доколку „работник кој организирал или учествувал во штрајк, организиран во согласност со закон, го стави во понеповолна положба со другите работници“, или кога „откажувањето на договорот за вработување не биде изречено во писмена форма и содржина, согласно со закон и не биде врачен“, кои претставуваат сериозни прершувања на работничите права, а за нив се предвидени најниските можни казни од само 2.000 до 3.000 ЕУР (чл. 42 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)