завршен (прид.) - разговор (имн.)

- Еден завршен разговор, рече Роден Мегленоски, животот е еден завршен разговор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од некаде изваде две фотографии – на едната беше ќерка ѝ, на другата син ѝ, и помина по нив со прстите влажни од пот или од избришани солзи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Следеше завршниот разговор во Сојузното министерство за надворешни работи, со сите нишани, како и првиот разговор пред четири години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Претпоставив дека тоа беше моето досие со записникот и оценката на мојата мисија по завршниот разговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А залудно е така да размислувам, затоа што сега нивните животи се како завршен разговор, а и мојот исто така.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но дипломатскиот ритуал без оглед на с, си беше неприкосновен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред да го започне разговорот Будимир Лончар со мене, прелета со погледот врз едно досие кое му го донесе секретарката.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)