Зар заинтересираните големи сили немаат свои органи и информатори тука во Турција, пак ќе се информираат од задграничните претставници на ВМРО, и тоа во Софија, која - со право или не - се сомничи дека ги поттикнува сите востанички и други акции во Македонија?“198.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сарафов, газејќи ги спогодбите постигнати со задграничните претставници, ги вложил сите сили да го преземе раководството на Револуционерната организација и да ги истисне од нивните позиции и самите задгранични претставници.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
35. Христо А. Матов (1872-1922) од Струга е еден од најистакнатите дејци на ТМОРО и теоретичари на македонската ослободителна борба, во тоа време е “задграничен претставник” на Организацијата во Софија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)