Нема да биде лошо во иднина да изградиме и една статуа на Сара Леши пред ГТЦ на едниот влез, а на задниот влез да му напраиме една биста на Штерјо Наков, нашиот најголем транзициски деец.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Минаа дни и јас почнав често да се јавувам пред задниот влез на театарот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Нѐ чекаше на задниот влез. Потоа нѐ внесе на горниот дел каде што беше одделот за Вип гости и навистина сепарето го делеа со раперот кој Лима просто го обожаваше.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Но, Маргина/Темплум исто така бараат да не бидат третирани ко послуга од задниот влез, или статистички бројки за пумпање на нечии извештаи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Според другата верзија, Попјорданов, бегајќи од бакалницата кон дома, забележал дека токму тогаш директорот на Банката влегувал во неа преку задниот влез.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
— Ја сказал, ја сказал, вели непризнатиот поет што намигнува и трчаме сите заедно кон задниот влез од театарот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие забележаа дека жената што доаѓаше кај нивниот син, секогаш право на горниот кат, од задниот влез, по скалите по кои се одеше дотаму без да се помине приземјето, почна да останува и на спиење.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Потоа ја заобиколи куќарката и се најде пред задниот влез - кој, преку две скали и едно чергиче, водеше право во кујната, каде што редовно седеше мајка му а обично и сите домашни.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Дојдовме до Задружениот дом. Од задниот влез се искачивме кај накцелариските простории.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Откако согледа во што е работата, Акакиј Акакиевич реши да го однесе шинелот кај Петрович, шивачот што живее некаде на четврти кат од задниот влез, кој, и покрај својата косогледост и абрашавото лице, доста успешно се занимаваше со поправки на чиновнички и секој вид други панталони и фракови, се разбира кога беше во трезна состојба и ако немаше некои други идеи во главата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)