Мајка се грижеше за мирниот тек на нашиот заеднички сон.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Состававме заеднички сон со различни делови, пресечен од границата, која треба да ја минам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И пред луѓето што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека Питу Гули го научил да пие вино или дека имале заеднички сон, ист и во исто време, коњот полека ја кренал главата од бочвата и додека од коњските усни му капело вино, се свртил и, пак со галоп како што дошол, и се предал на темницата, бил ноќ во ноќта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Татко ми продолжи да зборува на старата тема: – Секогаш кога во луѓето на нашиов проклет Балкан се будел ѕверскиот сон, кога се менувале империите, се ширеле братоубиствените војни, козите – тие божици меѓу луѓето – само тие ги примиле во нивниот заеднички сон...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми замислено погледна во редот книги од библиотеката кои се однесуваа на балканските империи, па возвишено, небаре заборавајќи на прашањето од Чанга, продолжи: – Ние луѓето, пријателе мој Чанга, ти имавме со козите, со домашните животни од дамни времиња еден заеднички сон.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Козите поживо од сите го враќаа него кон вистината за заедничкиот сон. – Ех, како се измешаа времињата! – извика Чанга. – Се измешаа, се измешаа! – И сега козите го враќаат човекот кон првиот сон, кон старата заедница, го спасуваат. Татко ми и со ова се согласи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми и Чанга прибираа нови докази во прилог на тезата дека козата во историјата на балканските народи се појавувала кога луѓето ја повикувале во името на некогашниот заеднички сон.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
XIX Бисерна зора над Калето. Се разделувавме од заедничкиот сон со нашите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Времињата си минуваа, развојот нас сѐ повеќе нѐ оддалечуваше од нашите прапредци, но заедничкиот сон остануваше, никако луѓето да се ослободат засекогаш од него и кога најмалку очекуваат, заедничкиот сон ќе ги потсети луѓето на нивните блиски...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)