Во Меморандумот бил прецизиран ставот на САД во однос на текот на преговорите за југословенско-бугарскиот договор за сојуз и заемна помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Стејт департментот укажал дека воопшто не гледа благонаклоно на таа идеја од причина што за Бугарија, како непријателска земја, сега е неприкладно „да склучува договори или други меѓународни акти, во период кога таа е под контрола на Сојузничка комисија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На самата конференција СССР укажал на текот на преговорите меѓу Бугарија и Југославија за сојуз и заемна помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сосема отворено побарал Советската влада да се изјасни во однос на идејата за „Голема Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Британците биле запознаени со тоа од советскиот одговор, меѓутоа, САД биле изненадени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И покрај забелешките од бугарска страна договорот би прифатен на 23 декември 1944 година, но повеќе претставувал договор за заемна помош, отколку договор за федерација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Британскиот амбасадор во СССР, Кер, постапувајќи по директивата на своето Министерство, на 13 март испратил писмо до министерот за надворешни работи на СССР, Молотов, при што уште еднаш го запознал со британските ставови за југословенско-бугарската федерација и го изнел задоволството од советските убедувања за нејзината неактуелност, но ја предочил британската вознемиреност поради советското одобрување на преговорите меѓу Југославија и Бугарија за постигнување договор за сојуз и заемна помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)