заканувачки (прид.) - показалец (имн.)

Ѕвездочатцу имаш Карта крајно нескротлива расеан ракопис, загадочно четиво менливо, минливо, мамливо од миг до миг: од мèна до мèна; имаш вистински образец за устројство митска синтеза заканувачки показалец: сѐ е сооднос агол и положба; имаш работа со сосредоточено движение марливо мрдање на енергијата духот, Силата со поместувања страсни спрема оностраноста, Ѕвездочатцу небесниот текст е таинствено шифриран а ти го читаш чудото, зачудниот Ум резовите на молкот, штамата понорите на смислата бесмртното сеење на смртта семето, знакот, нишанот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)