Ете како го прави тоа Трајче Кацаров. Неговите текстови-рефлексии започнуваат со еден сосема природен вовед од светот на уметноста или од секојдневниот живот, од некое прочитано интервју или занимлив прилог во дневниот печат, а потоа со голема доза иронија, гротеска и цинизам, укажуваат на состојбите во општеството, небаре прилог кон градење на една нова македонска културолошка свест.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)