Тука, нешто потаму од чешмата, откако пред тоа ќе си ја исплакне устата од пепелиштата и ќе си го исплиска лицето, од почетокот на западниот лак, од оној негов дел што е свртен нанадвор, отсекува едно мало парче и низ неголемиот усек, прегазувајќи ја железничката линија, ја напушта Потковицата и низ нивјето и ливадите стигнува на Блатото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од почетокот на западниот лак, околу наоколу долж целата Потковица, по средината на падините, само прескокнувајќи го Станковски Рид, кој е наполно гол, населен, и кој е средиштен дел на источниот лак, се протегнува, сè до Зајачки Рид, односно сè до Алилово, амфитеатрално распоредена, некогаш пазена и грижливо одгледувана, сега сосема запустена, дабова гора, овде-онде прошарана со дренови дрвја, диви рози, глогови, диви круши и диви јаболкници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Покрај западниот лак, низ неколку мали усеци, ги отсекува од неговиот почеток, кој е свртен нанадвор, минува железничката линија Скопје - Битола - Солун, а покрај источниот - Битолско Џаде, кое, пак, не е ништо друго туку осовременет некогашниот римски пат од Стоби за Хераклеа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Истото се случуваше и со Делга Чешма. Пронашле Дамческите вода горе, на сртот на почетокот на западниот лак на Потковицата и предложија да ја симнат долу, на патот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ако човек за нејзин почеток го одреди почетокот на западниот лак, зашто може и поинаку да постапи: за почеток на Потковицата да го одреди почетокот на источниот лак, па одејќи околку наоколу и само по сртовите да стигне до Долга Чашма.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се најдува под една осамена оскруша, во горниот крај на малечката заветрина што ја сочинуваат телото на западниот лак и неговиот почеток, кој, гледано од север, од североисток или од северозапад е свртен нанадвор и е сосема гол.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Откако ги изгубиле луѓето, Градиште со земјата го срамниле и го запалиле и на западниот лак на Потковицата, на Коритница, подигнале друга, своја населба.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во заветрината, во најбујното, жуборат Виданови Извори.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Оттука, од Северна Порта, се отвора поглед на сиот простор заграден со имотските ѕидови, а преку нив, преку ѕидовите, се гледа цел западниот лак на Потковицата и јужниот сè дотаму до западните падини на Чауле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само еден орел, во време ручек, сам се извиши од сртот на западниот лак на Потковицата спрема Чепигово, спрема Бегоски Ливаѓе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Навечер, пред зајсонце, изранети и искрвавени, орлите ќе се повлечеа на сртот на западниот лак на Потковицата, на Камен, а штрковите ќе се распоредеа по дрвјата, по копите, по покривите на куќите боротински, бучински и чепиговски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Оттаму, по истите патишта се враќаа уште подрски и уште помногубројни.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тргнувајќи од почетокот на западниот лак, од Долга Чешма, и одејќи само по сртот на Потковицата, по еден саат одење пеша, се стигнува на Камен, односно се стигнува до четири грамадни гранични спили, сите четири наредени една до друга.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Или, пак, бегајќи по сртот на јужниот и западниот лак и спуштаќи се низ нивните падини, преку блатата и мртвиците и преку Црна стигнуваа во Железнец, или пак, во крушовските планини.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од живеалишните куќи на имотските луѓе погледот го пренесува на западниот лак на Потковицата, го задржува на Камен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)