Користејќи ги Солунските атентати како повод за масовни апсења, Хилми-паша немал интерес брзо и пошироко да ги отвори затворските врати во Македонија кога често добивал вести за судири меѓу четите и аскерот и за засилени подготовки за општо востание.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Поводот бил следен: поради силното раздвижување на чети и комити и засилените подготовки за востание, што за турските власти не биле тајна, надлежните воени власти, покрај другите мерки, практикувале ноќно време да праќаат пешадиски и коњанички патроли околу градот па и подалеку.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа било време (почеток на 1903) кога низ Македонија се чувствувало силно раздвижување на чети, на курири, се пренесувало оружје, со еден збор, се вршеле засилени подготовки за востание.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)