По Војната ја почнал својата цивилна кариера, веќе со оној капитал на заслужен воин, но секогаш кај него останала една сенка, што барем половината го затскривала, како во еден сон што ми го раскажуваше Лена.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Имено, Арслан бег, кој беше заслужен воин и кому, како на таков, според турските закони, му беше ветен чифлиг некаде во Битолско, не сакаше да се исели од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Селото Бразда, сосе селаните, до пред ден-два, беше во атарот на Свети Ѓорѓија-Горг, а сега, откако манастирот беше затворен од Турците, имотите им беа разделени на заслужните воини од битките во Унгарија и Босна, а селаните, заедно со нивите, шумите и чаирите, без едно-две, станаа кулукчари и поданици на Падишахот, потурчени насила и дури со амин од игуменот, за да не се крене поголема врева и да не се исукаат јатаганите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)