Стакло, листови и по некоја врата, затворен круг некаде во нас.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Но, ако стварно се занимавате со неа, вие сте во нејзиниот затворен круг на проста сила.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Кој ќе го напушти историскиот процес, штитејќи ја својата „загрозена” судбина, ни покажува дека тој самиот историскиот процес не го разбира како своја судбина, и дека таа негова „судбина” е фикција а „историјата” една марионетска пракса, затворен круг на таа фикција.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
За денешната публика се разбира не е веќе неопходно да ги поврзува пораките на Дишан со конкретни личности.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Иако овие дела веројатно биле наменети за затворен круг соодветни приматели, Дишан бил доволно интелигентен да знае дека еден ден тие ќе се изменат, но не додека не ги изгубат сите можни консеквенци врз животите на оние на кои им се наменети - како во случајот со вализе- то на Марија Мартинс.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ве уверувам дека ќе го добиеме истиот резултат: затворен круг.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не може човек да се покрие со превезот на самозаборавот зашто никогаш нема да излезе од затворениот круг на немоќта и сомнежите во сопствените сили, зашто под него се венее, сѐ се отуѓува и ретко надоаѓа утехата и надежта.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога навечер легнував на креветот, припивајќи се до ѕидот, целото мое тело трепереше од страв и тага; заспивајќи, се борев за воздух, за вдишување и издишување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тие нејзини зборови ги слушав и кога не ми ги кажуваше; се вртев во затворениот круг опишан со „Ќе беше подобро да не те родев,“ сакав да се ослободам од тој круг и наутро посакував да влезам во кујната, како некогаш, кога мојата мајка ми подаваше врел компир, а јас седнував во аголот од собата, гледајќи ја како работи, и имаше многу такви утра во кои се надевав дека ќе можам пак така да влезам, и ќе ја прашам со што да ја искупам својата вина; во мене нешто можеби се надеваше дека мајка ми ќе ме пречека со оној некогашен поглед, и пак ќе бидеме блиски како некогаш; влегував во кујната но сега ме пресекуваше студенилото на нејзиниот поглед, грубоста на нејзините зборови, начинот на кој го заобиколуваше моето тело движејќи се низ просторијата, па прашањето застануваше во моето грло, остануваше таму и тогаш, и потоа; сакав да го повратам, да го исфрлам како што се исфрла расипано јадење, а тоа остануваше таму, како изгниена храна, но залепено за мене, одбивајќи да ме напушти, и јас го носев секаде со себе, како знак за ужасна вина која не си го знае злосторот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Тато, сепак ми се чини дека се вртиме во затворен круг!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Како да се вртиме во затворен круг - без излез.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Татко ми трагаше по одговор на прашањето зошто ги убиваат козите во некаков проклет балкански затворен круг во кој секогаш се останува на почетокот, во балканската варијанта на апсурдот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но, тоа не е најстрашното. Најстрашното е во тоа што сево околу нас свршува како затворен круг.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)