„Постои и радио, синко, и весник“ – ќе пропелтечеше тета Менка и веднаш ќе се свиеше пред мојот зачуден поглед: „Сакаш ли, злато мое, слатко од лубеница?“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Уште неседнат како што треба, извади од џебовите куп метални и книжни пари, дури и еден златник, но веднаш го врати во џеб, збунет од зачудените погледи на другите играчи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сѐ друго остануваше далеку од него, дури и оној зачуден поглед на неговото јаренце на прагот не беше во состојба да го натера да се посмее.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го виде зачудениот поглед на гостинот и се насмеа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)