Каде си сега, пречудна меланхолијо збиена во орото на молците?
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
„А јас не умеам да пливам,“ вели едно од децата. „Ќе научиш,“ го храбри Отла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во тој судир со дрвото кое бранеше некаква сила, некаква цврстина затворена во себе, збиена во тие еден до друг вклештени јазли, Бојан добро се испоти и првпат откако беше влезен во борба со многубројните грижи и пречки што го опркужуваа, се сретна со таков лут, таков тврдоглав непријател, па мораше да го слече палтото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На брегот гледав многу рибари, речиси збиени во густи редови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ја замислив како патува со децата во товарниот воз, и додека се така збиени во мракот на вагонот, им раскажува за патувањето што ги чека, им ветува море, игри на песокта и пливање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Овие се нови - рече Бојан гледајќи ги малите, немоќни јагниња, збиени во аголот од кошарата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)