Во секој случај, минералот “зелен дијамант” некаде во својот централен дел (кога удрил во западно- маусдонските планини се распрснал на илјадници километри далечина) е носител на таа натприродна, скоро божествена свест.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Маклабас е примитивен човек заштитен од моќите на зелениот дијамант.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Всушност, зелениот дијамант потекнува од непознати космички далечини од каде што паднал на планетава пред неколку десетици милиони години, многу пред да се појави човекот на земјата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Зелениот дијамант можеби бил некаков космички истражувац во некаква си мисија, можеби облик на свест кој се појавил како плод на еволуција кај минералите, можеби некаква организирана и свесна заедница на минерали...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Зелениот дијамант е пасивен во однос на сите цивилизациски збиднувања, тој е потполно незаинтересиран за човечките потфати сѐ до оној момент додека тој самиот не стане центар на интересирање на човековата алчност по моќ.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тогаш зелениот дијамант презема мерки со кои би ја зачувал сопствената девственост...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)