Зашто зелената миризба сѐ уште не е и зелена шума.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
О сино крило кон морски свирки што те води; У крило зелен пламен под сенки на зелена шума што те гори; И крило црвен шум на тишини во крвта што ти вријат; Е крило бел облак мека перница што ти е; А црно крило дома само ноќе што те носи Пет крила на сон си порасна малото момче.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Се потпираше со грбот на некое дрвце, тргаше на лулата и гледаше во огромното небесно синило над себе, во блескавата ереска вода во далечина, гледаше во зелената шума наоколу, го слушаше пеењето на птиците, шумот на водата што се спушташе низ брегот - и си замислуваше како ќе изгледа бањата што ќе биде изградена овде кога ќе запре чадот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Одозгора камионот беше маскиран со зелена шума а оздола течеше крв.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се сврте уште еднаш, како да велеше со својот нем, кроток поглед „До видување. Ви благодарам“, па со лесно потскокнување исчезна во зелената шума.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
-Види ја другата планина, на спротивната страна и одговори ми зошто таа е сина, кога знаеме дека е обрасната со зелена шума.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)