Да знам што да му речам. – Кажи му само толку: дошле земскиот кмет од Мариово Димитрија Сталев и поповите што биле пред две недели кај него и си ги сакаат царските фермани што си им ги зел. Тој знае кои сме!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Најблизу до мостот, зад една спила, беа земскиот кмет Димитрија, двајцата попови, Трајко и сват му Ристе, татковците на Анѓа и Стојана.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Пленувањето на децата во Прилеп, како и зулумите во Чаништа и Лисиче ги огорчи сите слободољубиви Мариовци и во еден од летните дни на идната 1549 година се собраа во малото селце Сатока: земскиот кмет, кефалиите од сите села, поповите и други повидни луѓе и еднодушно го прифатија предлогот на поп Јакова: да се бранат од силниците, потпирајќи се на ферманот и бераатите од старите султани дадени на султанијата Мара, во кои пишуваше дека тој хаспосед Мариово нејзе и е отстапено и дека таа ги ослободила овие села од секакви давачки, та сега ова што го прави прилепскиот кадија е газење на тие стари закони и нивни права.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
– А-А-А-А! ОВАА НЕ ЈА БИВА ВАКА – се замислија повидните луѓе од сите мариовски села на чело со земскиот кмет Димитрија Сталев и почнаа да мислат како да ја избегнат опасноста: со спогодба – покорност – или одбрана.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
– А вие – им се обрати на сужните – ќе бидете ослободени од прангите и затворот и ќе си одите во вашето Мариово заедно со овој ваш син и брат Ангелета, како што сте го викале порано, но ќе гледате да не се посрамотите со нашиот падишах.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Мариово останува и понатаму султанов хас што ќе дава сто илјади аспри годишно, кои пари лично на султанот ќе му ги носи секоја година мариовскиот земски кмет што ќе си го избира народот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)