Но, од оние зимски месеци, кога меѓу животот и смртта и меѓу славата и пропаста немаше растојание ниту колку што е сечилото од ножот, во победникот- везир остана нешто стивнато и замислено.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Некој зимски месец пречекорил во април, вели Рогожаров.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Имено, за време на зимските месеци, греењето во салата кадешто се одвива производството понекогаш се исклучува, и работниците работат во студена просторија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Некаде во средината на овие мрачни записи наоѓаме на занимлива примедба за зимските месеци 1555-та година: во Фиренца владее чума.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Впрочем декември е зимски месец“, го дополни своето размислување за тој временски парадокс.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Што се однесува, пак, до материјалните и просторните услови во коишто се одвива процесот на производство, Ф.И. има сериозни забелешки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се сети на татко си и на мајка си. (Умреа и обајцата кога тој сè уште беше скромен помошник на надзорникот на царските штали и тој дозволи да им се обградат гробовите со камен и да им се подигнат надгробни нишани).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но бргу разбира: плашиците им се најсаканите рипки на месните луѓе. Особено во зимските месеци.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)