– Глупак – рече Марија. Полека ја спушти слушалката.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се грчел и се обидувал, згрбавен и сличен на голема желка фатена во круг на пламен да се извлече од својата несреќа и да ја види крвта на душманот пред неговата да истине во жедните пори на збрчканата земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дај ми една причина за да останам овде Иако поради маскирната униформа над слоевите зимска облека и ранецот на грбот не можеше добро да погледне надолу кон своите гради, знаеше дека го притискаат редениците со куршуми.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Летото пристигна без посебни најави во првите недели на јуни и требаше да се преземат итни мерки, зашто за време на мисата, задушувајќи се од топлина, болните жени почнаа да ги соблекуваат своите зимски облеки од етамин.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И додека најмалиот со зачуденост на детински невиното лице му притрчувал да му помогне и да го исправи на нозе, фрлајќи ја пушката во недораснатоста да сфати дека нечија невидлива цевка внимателно му го бара челото покриено со густа коса или лицето или градите ослободени од секаква тежина на зимска облека, другите шестмина од скок се фрлиле на земја и заревеле или одмазднички или охрабрувајќи се меѓусебно без заштита и на најмало камче пред очите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)