- Тоа што свињите идат во вашата нива е поради неодговорноста на вашиот комшија кој забораил да ги нарани, а вие требе да седнете и очи во очи да разговарате за проблемот - сериозно му одговори Матновидецот кој перманентно беше облечен во зимска јакна затоа што во телевизијата немаше ни греење.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Проблематични, ама подготвени (во зимски јакни), пронижани од промајата што бричи во ходничето, како да сме сред зима.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
За несреќа, кафеавата долга зимска јакна, ми беше многу препознатлива.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Климакс Некаде прочитав дека само невоспитани деца поминуваат низ тежок пубертет. A прости, необразовани жени тешко поминуваат во климакс. Aма и за споменатите, и за другите, сепак, тој има заеднички симптоми: - силни врелини кои ве обземаат одеднаш само во одреден дел на телото,како да го печете во рерна или го дувате со врел фен, - капки пот што по линијата на веѓата се спуштаат по рабовите на лицето и буквално капат додека стоите во автобус полн со луѓе закопчани до грло во топла зимска јакна, - отсуство на желба да бидеш интимен со некого, па дури и со љубовникот,а за со мажот ич да не зборуваме, - силни налети на нервоза, во која трчаш низ куќа и бараш некого буквално да го изедеш, - чувство дека си болна од сите болести што ги прележале твоите пријателки и дека ги имаш истите симптоми на сите епидемии, птичји, свински, грипови, грутка во грло, јазол во желудник, срцебиење, камен во бубрези, тиња во жолчка, - потреба од „шопингување“ на енциклопедии за здравје, здрава храна, вежбање пилатес дома и во друштво, - отсуство на секаква желба да одиш по гости, а уште помалку некој да ти дојде, - убеденост дека си најпаметна, - ама и потреба да се биде зајадлива, џангризава, самобендисана, лоша, злобна и одмаздољубива За среќа, ова трае само десетина години и, кога ќе помине, сè се враќа во нормала, освен некои небитни промени: мажот си заминал, а не си ни забележала, децата не заминале, останале, ама ти се лути до смрт, а ти повторно со истата сила и енергија како од младоста, се трудиш да им угодиш во сè, ама нема „feedback“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)