Продолжуваше „ловот на вештерки”, се редеа монтираните процеси, се вршеа брутални кражби во името на „класната борба”, не престануваа верските и идеолошките погроми, течеше злата крв на делбите, тивките и гласните ликвидации.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Некој крај средниот оган споменал дека видовитиот Дмитар-Пејко, пред злата крв да му го покрие разумот, расправал долго и со благ занес во очите за благородноста на човекот, за дарежливоста на земјата, за силата на водата; секој збор на старецот бил светол и звучен, до проѕирност измиен со мудрост; прикаските имале подлабок корен и од самиот живот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Иако мртовечкиот ветар го бришел сјајот на ѕвездите, над нив светела некаква леденикава ведрина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но во градот, за среќа, течеше и белата благородна крв, наспроти злата крв на сите разлики, млекото на козите која зближуваше луѓе од различни националности, вери, социјално потекло.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)