Молиш бога само да не влезе ќумбето од 48–ми спрат, што лесно ќе го препознаеш по златниот ланец од 7 кила, маицата до глуждови, малата алкатраз капа, телото на Кинг–Конг и патиките број 54.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Тоа е прастарата гностичка слика која подоцна, со посредство на неоплатонизмот, повторно изнурнува во филозофско-метафизички контекст околу 1.500 г. во Фиренца: Платоновата “златна нитка”, Хомеровиот “златен ланец”.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Таа вечер седна на своето биро и долго пишуваше едно писмо. Утрото тие зимски денови од новата 1944 година заедно со градоначалникот Карер, Хрисостом се појави пред двајцата највисоки германски претставници. „Господа, инсистиравте да Ви се предаде список на Евреите”, изјави свечено владиката на беспрекорен германски. За таа прилика тој околу вратот обеси крст и две панагии, две овални икони на златни ланци на кои беше претставен ликот на Христос Спасителот и на Богородица со малиот богочовек во рацете.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)