Камилски за општата листа на (без)опасните османски заемки се задржа и на парите кои се употребувале во времето на османското владеење како разни бакарни, сребрени и златни монети: алтан, златна пара (од турски altin); меџидија, сребрена (бела) и златна (жолта) монета од времето на султан Абдул-Меџид, во втората половина на XIX век (од турски mecidiye); метелик, бакарни пари со различна вредност (од грчки mеtеlik) мангар, мангарче, една од најстарите турски пари со вредност помала од акча (од арапски mangir).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во врска со парите, Камилски забележа и неколку турцизми што означувале разни предмети во кои се носеле и се чувале парите, како на пример: ќесе, вид паричник (од турски kese); ќемер, намерно сошиен појас со прегради кој се носел и директно на телото, под облеката (од персиски kemer); арч, арџ, трошок (од арапски har).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но најинтересното се случи пред четири-пет години, кога мајка му на Бојан грлејќи го компирот, пронајде една златна монета.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)