ВРАЌАЊЕ КОГА СЕ ВРАЌАВ ОД ЈАПОНИЈА 1. кога се враќав од јапонија како да се враќав од кјото во токио: од вековната тишина на златниот павилјон во новата врвулица на електронските галежи; од изворите за разладување на душите на боговите во салоните за врел чај од разбревтани воздишки. кога се враќав од кјото во токио во возот шинкансен нозоми видов дечиња како прават жерави од хартија - крилјата да им се испрскани со суви мечти и совреме да го пресретнат злокобното гракање на вулканската мемла и збеснатото море.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
(Мишима, „Златниот павилјон“) За далекуисточните народи (Зен), вечноста е посакувана- за ИЕ народи, вечноста е проклетство, пекол - стравот од бесконечното пеколно измачување ја породи претставата за времето како циклична појава, првите се стремат во вечноста, вторите се стремат надвор од вечноста - а во суштина, се движат по истата патека, кружна, само во спротивни насоки. = еден сосем пристоен модел на времето = секако се бројаниците.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)