Ликот на Џоан Крафорд што го проектира Копола е гротескен, дури и благо критичен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Изведбата на Копола е апсолутно класично одигрување на жена што видливо „шекнува“ – она што Гордон, можеби, би го опишала како слом и ранливост – а тоа е оддавање почит на пресвртот на ѕвездата од преседанот на Феј Данавеј во Најмила мамичке, кој нѐ научи самата Крафорд да ја третираме како своевидна скица на женската комбинирана гламурозност и абјектност, на занесната екстравагантност и на драматичното, хистерично, беспомошно распаѓање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Крајниот ефект на ова е хистерична претераност, токму во согласност со врисоците на Мур.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нејзината Крафорд е нарцисоидна, манијачки опседната со својот изглед, иако не е во состојба да си ги скроти движењата и да си ги контролира зовриените немири што ѝ пламнуваат од отмената, спастрена, грижливо градена персона.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)