Очите ми се две влажни модринки на лицето, твоите ириси модри сливи; Палиш темјан, нане и босилек, и без мирисот што куди знам- ти си ми злиот дух; Сонував како ми се откорнаа трепките и се створија врски како долго кораво влакно, јамка на вратот; Се гушев Маја, таму во сонот ми;
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
А нејзината нескротливост како травада, оној нескротлив променлив ветар, пропратен со секање и грмотевици ги плашеше злите духови.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Сега во џебот носам кибрит, во него се крие оганот, а од оганот се плашат сите лоши нешта: болестите, несреќите, злите духови, па не можат да ти наштетат.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
По читањето на Браќа Карамазови и Зли духови, Татко изврши мала реформа во одделот на светите книги во својата библиотека.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Убеден сум оти ќе бидете задоволни, зашто ќе ви ја ишка грижата и тагата од челото, ќе ве заспива и ќе го чува сонот од мора и морничавост, од натрапници, од нечисти мисли, од вампири и зли духови, од бајачи и уроци, од сонокрадци, зашто нема ли сон, човекот е мртов.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Зевсовата Пандора, создадена од иловица со душа на магиски ветришта го отвора ковчегот на Прометеј како жена на бог на негов брат и ги пушта меѓу луѓето злите духови - тегобноста, слабоста, лудилото, страста и порокот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сакав на Луција да ѝ кажам дека воопшто не ми е грижа ни за нејзиниот народен дух, ниту за партијата што го брани, и дека сѐ што сакам е да ја фатам за рака, да ја прегрнам и да ја одведам некаде каде нема ни народен, ни добар, ни зол дух, ни партии; на некој остров каде ќе можам до мила волја да ја бакнувам во папокот, да пијам вино од таа слатка чаша на нејзиниот стомак, да ја опсипувам со милувања и бакнежи; но не смеев да кажам ништо затоа што Луција гледаше сосема разочарано во мене, ме мразеше, ме презираше поради мојата недекларираност, поради отсуството на здрав корен во мене.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Сега, атентаторе мој, се надевам дека си ги изгонил од себе злите духови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од каде, инаку, кај него таа шилеста глава, шилести раменици, нели тоа е некој страшен, полноќен, заврзок на некоја несреќна девојка со злиот дух.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Нивната налудничава грижност избива како некаков зол дух, продира во Мартин.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Колкупати го укорив дека и родениот брат кога ќе замине помеѓу непријателите, и самиот станува зол дух и непријател!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Едни започнаа да стравуваат за судбината на Езерото, да не влезе некаков зол дух во водите, раководен од некој непознат и далечен центар кој немаше ништо заедничко со животот покрај реката и Езерото, и да ги натера јагулите да бегаат заедно со пастрмките и со сиот живот во него, па и пошироко покрај него.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)