игуменски (прид.) - гроб (имн.)

Со тага ги гледал лицата на жените во црно и под црни забратки, бледи и издолжени месечини на црно небо, меѓу црни облаци и над црна земја; како под заповед клекнале и ја допреле со чела камената плоча со голем крст, поголем од крстовите на соседните игуменски гробови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби? Но луѓето, со измиени очи од молитви, ја дишеле слободата на пролетта во манастирскиот двор и се чувствувале малку поинакви од себеси поранешни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над заедничкиот гроб на момчоците што пред три години ги заклале преостри јатагани, неколку мајки, како и секогаш во претпразнични ноќи, доаѓале со свеќи да се молат за синовите, најмладите светци во стојбината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пиеле ракија живи и на чекор од белото молчење на игуменските гробови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)