Овие лица се должни, во вршењето на својата функција или должност, да постапуваат совесно, стручно, непристрасно, без дискриминација или повластување на кого било, со целосно почитување на човековите права и слободи и човековото достоинство и без никаков личен интерес (чл. 37, ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа и друго правно лице 98 што располага со државен капитал е должно вршењето на својата функција или должност да го подреди на начелата на законитост, ефикасност, доверба, независност, автономност, чесност и професионалност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во вршењето дискрециони овластувања секој избран или именуван функционер или службено лице е должно одлуките да ги донесува совесно, водејќи сметка за сите факти и околности на конкретниот случај и за начелото на законитост и справедливост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Владата на РМ, со решение, ја формира МК, а со неа раководи Министерот за правда (чл. 6, 9-10 од ЗИОЕСЧП). 6. Под корупција се подразбира искористување на функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за остварување на каква и да било корист за себе или за друг (чл. 1-а, ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)