извалкан (прид.) - од (предл.)

— Не гнаси се дека образите ми се извалкани од солзи, вели мајка, и не знае кон кај да тргне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Павле и Иван притрчуваат горе, го стркалуваат на земјата и јадра, извалкана од земја дланка му паѓа на усните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Работеше нешто, повеќе белешкареше, за она време додека Змејко беше бригадир на градежната бригада, тоа време имаше доста такви белешкари и евидентичари, крај оние што работеа и што се натпреваруваа, а кога Змејко откажа да остане бригадир, тогаш уште првата утрина старецот ја изнајде некаде и ја зеде под мишка една стара заборавена и извалкана од рѓата синдикална книшка од 1922 година, што се беше сочувала меѓу алатите и отиде со неа кај Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му ја подадов назад, оти мачно ми беше на душата, и тој ја зеде; погледнав во своите раце и видов дека се извалкани од јаглен и саѓи; срам безмерна ме обзеде, и јас гледав тој да не види, па рацете незабележано ги истрив од црната риза, додека тој вљубено ја вртеше штичката во своите раце и гледаше во непознатите редови со ино писмо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тревата насекаде е прегорена, грмушките извалкани од правта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Да, на камен се збуни Кузман, стана од земја и ги истресе сините ногавици извалкани од прав. - Таков е животот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој го одвиткува писмото извалкано од потта на Оливера и мавта со него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стоеше згрчен и извалкан од она во него. Тој секако дури сега сфаќаше сѐ што стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)