изгубен (прид.) - време (имн.)

Мајка ми требаше да нè спаси, да ни го поврати тоа изгубено време на семејството, да ја донесе разврската, небаре жртвувана на границата помеѓу животот и смртта, таа свеќа на семејството што никогаш не догоруваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А толку често се случувало и се случува преку денот да изгубам и триж повеќе време, отколку она божем изгубено време наутро заради кое сум го почнал денот толку онерасположен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Уште и да организираат собирна акција за изградба на споменик на големиот далаверџија кој ќе извишува висини високо од фонтаната на попусто изгубеното време.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Од колено на колено сите потајум го псујат Голијат, ама сал еден му излегува на мегдан, средполе, пред сите да го праша како тоа само за пет години служба станал мултимилионер кому наеднаш му се присакало сите да му се поклонуваат а да не го проколнуваат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Жалам за тебе, за мене, жалам за сите убави мигови изгубени, за секој чекор недопрен до себе и жалам за миговите кога зборови немав да вриснам од среќа, и само во прегратка без зборови она малку што го имав во тоа изгубено време го стегав.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали го сфаќаш тоа, даскале: на природата наеднаш ѝ се присакува некои изгубени времиња да ги надокнади за да втаса таму каде што требало да се најде пред неколку месеци или дури и пред години?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За разлика од нив, дрегот, кампот и разните културни присвојувања и идентификации се, строго гледано, поткултурни практики, доколку се во зависен, вторичен сооднос со претходните негеј-културни облици на кои реагираат и на кои им го должат самото свое постоење – какви што се општествените норми за мажественоста и женственоста, сериозната професија политичар, автентичните идентитети и емоции, главнотековните ликови како Џуди Гарланд или Џоан Крафорд и главнотековните естетски или општествени практики, од операта, бродвејските мјузикли, сентименталните песни и популарната музика, до архитектурата, историското зачувување, цветното аранжирање, модата и стилот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Највидните примери на машкото геј-културно производство пред ерата на геј-ослободувањето лежат некаде помеѓу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислам, на пример, на драмските и недрамските дела од Оскар Вајлд, на Во потрага по изгубеното време од Марсел Пруст, на романите и есеите од Вирџинија Вулф, на поезијата од В. Х.  Оден и на песните од Ноел Кауард.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие зависат од веќе постојните културни облици, кои им даваат општествен авторитет и заштитна камуфлажа, па нив главнотековната култура лесно ги запоседнува, но претставуваат и значајни дострели на настраниот израз и животворни извори за обликување и за разработка на геј-идентитетот – речиси библии на геј-постоењето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Динамиката на нејзиното формирање, нејзините цели и намени и нејзината политика се нужно различни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се гледаме в очи. Му подавам рака и му велам: - Благодарам, господине, многу ни помогнавте. Простете за изгубеното време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како воопшто и да го немало сето тоа изгубено време на еден живот – цели триесет и некоја година од неговото постоење сега во главата му поминуваат само како испресечени далечни слики.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во нив почива времето, нашето изгубено време сочувано зачувано во зборовите на нашите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го барам изгубеното време. Ќе го најдам навреме.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Сепак, патот во Л. А. не беше сосема изгубено време - барем можевме да видиме како се создава новиот Холивуд.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ама само најнадарените меѓу нив ем си грицкаат ем си пеат Вино пијам ем ракија коња јавам аџамија Пеат и за Марко пијаницата и други дојденски песни пеат Па откако ќе си ги стивнат дертовите Држат говори и делат бесплатни совети За тоа како се убива здодевноста Патем и за тоа како се убиваат лилјаци или кукубари Ако непоканети ви влетаат во сонот Кога ќе си ги стивнат дертовите Некои коали лежерно и онака мангупски Им намигнуваат на какадуите Наредени на сува гранка на едно суво дрво Кој им е виновен на белите какадуи Што севезден испуштаат само темни вокали И како такви не се за прибирање На живите гранки на живите еукалиптуси А и не е баш прецизно утврдена дозата на страв од височина Што му е вродена на секој бел папагал А не се вели кој ниско лета високо сонува Како што и од темните вокали не излегуваат бели соништа Од друга страна во обоените соништа на коалите Често знае да заскита и некој шарен папагал Колку пошарен толку пошарени лаги кажува Сам си се лаже сам си верува А верува на пример дека ги знае наизуст Сите сонови на сите кардинали попови и професори Згора и на сите дипломати старлети и куртизани И уште позгора на сите будалетинки, гологази и давајгази Ни срам ни перде нема шарениот папагал Баш мене на коалата папсана од сонување Да ми ги расправа соништата баш на тие Кои ниту знаат ниту сонуваат ниту некогаш ќе сонуваат А кардиналите и поповите се такви И дипломатите и куртизаните се такви За нив сонувањето отсекогаш било изгубено време Колку повеќе сонуваш толку помалку проповедаш Колку повеќе сонуваш толку помалку се тртиш А современиот живот не може да се замисли Без обилни проповеди и обилни тртења Од некои тртења се добиваат хемороиди Но тоа не значи автоматски дека педеризмот зема замав Во царството на нашите соништа А секој пред да почне да се трти Треба да си знае дека од тртење Не се добива насмевката на Јуриј Гагарин По првото облетување на земјината топка Ами од тртење се стенка и се стенка Се стенка до последното нежно офнување.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Но, кој можеше да разбере, зошто во тие тешки барабански времиња, во паролите за прогресот, за откривањето на изгубеното време, во револуционерните песни за работничката класа, Татко започна да чита книги за лавиринтите?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како што во неговата родна земја тој опстојуваше, наоѓајќи погодно тло во наследените ментални структури на власта, овде продолжи инерцијата на забрзаната градба на новиот човек со наследената Сталинова илузија да се надополни изгубеното време, низ засилена градба на нови објекти, над економските можности.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сега тој беше дојден, нашиот спасител, како гласник на судбината, со јагулата, да ни ја дополни содржината на изгубеното време, за нас на оваа страна на границата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А, колку посакувавме да останеме со татковиот побратим, кој со јагулата и пастрмката ја донесе и сета наша изгубена историја, нашето изгубено време од стариот крај.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Запираше да го протолкува прекинот, трагаше како по атоми на изгубеното време, како во некаков систем, кој сигурно ја содржеше семејната полнота.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За Татко тоа беше откривањето на една вистинска ракописна Атлантида на Балканот, на едно прекинато и изгубено време, која според Татко требаше да доведе до нова свест кај балканските народи, во однос на комплексноста на нивниот идентитет и до ново откривање на историјата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На снимката таа, во стварност незабележлива временска разлика, станува видлива: убаво се гледа дека тој е за половина чекор, за едно стапнување пред другите и дека трката е негова.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како да сакаше да го надомести изгубеното време.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој, имено, предлага насловот на Прустовото ремек-дело, наместо „Во потрага по изгубеното време“, да се измени во „По трагите на (трагајќи по) загубеното време“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
По сонот, по надежта кога иста ваква ноќ во совршенството на моментот се роди нешто што беше повеќе од живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се уште во длабочините на моето постоење кога копнеам по љубов, кога душата ми е разгалена доволно ранлива за да ме повредиш уште еднаш, кога осаменоста ме обзема, кога болка ми го пара срцево по изгубените спомени, кога тагувам за изгубеното време, а можевме да бидеме среќни заедно, само не знаевме како.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Времето ќе го промени секој од нас, па како може да очекуваме да бидеме истите како пред тоа кога бевме заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Небесната тишина осветлена од безбројните ѕвезди ја буди во мојава безнадежно романтична душа носталгијата по тоа одамна изгубено време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зар не е пишувањето потрага по изгубеното време кое постојано мислиме дека ни недостига, за да ја оствариме нашата невозможна полнота?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Да откривам едно изгубено време во времето што ми претстои.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во мојот свет, ограден со букви, се чувствував како можен победник над изгубеното време на моето семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Враќањето од изгубениот рај на детството содржи една евидентна прустовска резонанца, само лесна варијација нѐ дели од Потрагата по изгубеното време: ако враќањето е опишано како невозможно, тогаш враќањето (од враќањето) нему му успева!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)