Штом ќе му го изнесат кафезот на тераса и птицата ќе почне да пее по својата изгубена слобода, не можам а да не се разнежам.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Светлоста е
непредвидлива обнова на помнењето
враќање на филмот
со нејасно втиснати
фигури на минатото
сетни траги од изгубената слобода
обид за повторно ослободување
враќање назад, во убавото.
Како што се враќа помнењето
така се враќа - животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
21. Отсекогаш ми се чини привлечно толкувањето на творечката фантазија како плодотворен надомест за изгубената слобода.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)