Заборав: поетика на помнењето
Заборавот е рибино масло
неизбришлива флека
врз коприната на меморијата
под којашто се препознаваат
акните на траумите
- изгубената смисла
- да се сонува
- да се негува
надежта.
Без помнеж нема изум-ување.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)