Соседите ја виделе главата и исплашени и изненадени дека тој ја отепал жена си и ја закопал, го пријавија.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Да“, реков јас, но бев изненаден дека е тој запознат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога таа се сврте кон него, веројатно непријатно изненадена дека некој ја набљудува, тој не го тргна својот поглед од неа. Само навести насмевнатост.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Треба оган да запалиме, не е греано и влага има фатено...“, па му пуштаа термо печка, а тој се лепеше на неа, изненаден дека брзо загреваат тоа дрвата во камионот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Лажго кој не е во состојба да ја прикрие дури ни својата лична отсутност туку глуми дека е овде.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мислев на мекушлавците а истовремено почувствував и останав многу изненаден дека токму сега се јавува и она чувство на измаменост од сопствената волја што грдо и неодговорно ми пристапува со оној писклив глас што доаѓа негде од далеку, а сепак од мојата внатрешнина: "Ти си лажго!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со месеци се немаат видено и тој е изненаден дека и таа има израснато високо, и не само што израснала и се пополнила, туку блеска со некоја чудесна убавина што се шири не само од нејзиното фустанче, туку и од нејзиното гласче, од насмевот во лицето, од затемнетото синило во очите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ги прими пакетите и, колку и нетрпеливо да ги очекуваше, сепак отиде прво да прилегне, при што речиси веднаш зајде во тврд сон, но по нецели петнаесетина минути на сон му се чу како ѕвончето на влезната врата ѕвони со некоја несфатлива алармантност, па се разбуди целиот испотен, недоспан и до преплашеност изненаден дека ѕвонењето на ѕвончето на влезната врата било само сон.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ти ме погледна како да беше тажно тоа што јас никогаш нема да сфатам.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Како мислиш, зошто сум толку сигурен“ прашав, збунет од твоето прашање и изненаден дека можеме да се караме за сенешто и покрај тоа што ти не ни знаеше за што точно зборував.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Колку што ние знаеме,“ рече ти „можеби доживеала свој триумф!“ okno.mk | Margina #32-33 [1996] 186
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)