Стоев изненадена и вчудовидена.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дури и кога мислиш дека ќе добиеш, можеш да бидеш изненаден и матиран.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ја зедов картата, зачуден, изненаден и од свадбата, и од сватовите, и од свирките, и од младенците.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ја газат тревата цветот мравката изненадена и гинат во темните буки.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
И самиот бев изненаден и возбуден; сакав да ја ставам ногата на третата скала, но од возбуда дека ќе успеам, од прерана радост, ја изгубив рамнотежата и се дочекав на нозе долу, а скалата ме удри по главата и рамото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Глигор ги забрза чекорите. Другиот подзастана изненаден и загледан во јакиот врат на Глигора. Потоа се изгуби во мешаницата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но, барем изгледаа изненадени и божем незгодно се чувствуваа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И покрај тоа што на вратата се повторува договорениот знак, тројца во собата заземаат позиции што не допуштаат да бидат изненадени и измамени.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: (Изненаден и испитувачки.) Па... Вие, ако не се лажам, сношти рековте дека немате никој свој и близок во Софија?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ФЕЗЛИЕВ: (Се обидува да се надоврзе на играта од Луков, иако е и изненаден и израдуван од неговото појавување.) Ништо. Ништо.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: (Изненаден и збунет. Отстапувајќи наназад.) Шоферот на Иванов? Да ме земе мене?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)