изопачен (прид.) - лик (имн.)

Го гледаше Рада изопачениот лик на својот татко, спуштениот поглед на нејзината мајка, која само во ретки моменти можеше да му се спротистави.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И повторно блесок! Во водата како од сферно огледало се појавија чудни изопачени ликови. Ѝ се превртуваа во умот рефлектирајќи се во нејзините, како оаза, зелени очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На дното на секоја испиена чаша го гледаше својот изопачен лик, кога онака распојасан го газеше достоинството на оваа жена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)