инвалид (прид.) - лице (имн.)

Законот за вработување на инвалидни лица за прв пат е донесен во 2000 година,56 а во периодот кој е предмет на нашата анализа (2010 – 2014) има претрпено едно изменување и дополнување.57 Со единствената рогација е утврдена временска рамка на постапката при доделување на средствата од Посебниот фонд.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
59 Закон за вработување на инвалидни лица (И.К.)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица, Сл.весник на РМ, 136/11. 57 62 барателот во тој случај подносителот треба да поднесе приговор во рок од пет работни дена до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат, (ст. 15) кој е должен да го разгледа приговорот во рок од три работни дена и доколку утврди дека инспекторот постапил спротивно на позитивните законски прописи во тој случај е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот е должен да изврши надзор во Управниот одбор на Агенцијата за вработување на РМ. (ст. 16)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со втората измена и дополнување, од јули 2005 година, е оневозможено лицата 1.  Закон за вработување на инвалидни лица, Сл. весник на РМ, 44/2000. 2.  Закони за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица, Сл. весник на РМ – 16/04, 62/05, 113/05, 29/07, 88/08, 161/08 и 99/09. 104 со психози да ги уживаат подобностите што ги дава овој закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со измените од 2009, пак, наместо одредбата која пропишуваше губење на статусот заштитно друштво во случајот кога повеќе од три пати во последователни две години го наруши минималниот процент на инвалидни лица или падне под минималниот број на вкупно вработени работници на неопределено време – усвоена е порестриктивна одредба според која заштитното друштво го губи овој статус ако повеќе од три пати во вкупно траење од 90 дена процентот на инвалидни вработени лица им падне под минимумот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
При тоа, новиот износ на старосна пензија за ова лице ќе се утврдува според неговиот вкупно навршен пензиски стаж и остварени плати (чл. 10). 6.  Одлука на Уставниот суд на Република Македонија, У. бр. 25/2008-0-1 од 10 септем- ври 2008 година. 103 ЗАКОН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА Законот за вработување на инвалидни лица (ЗВИЛ) е донесен во 2000 година 1 и има претрпено седум измени и дополнувања, 2 по еднаш во 2004, 2007 и 2009 и по два пати во 2005 и 2008.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од друга страна, пак, прецизирано е дека како инвалидни лица, согласно овој закон, ќе се водат и инвалидите на трудот со преостаната или намалена работна способност кои се водат во евиденцијата за невработени лица на Заводот за вработување (чл. 2, ЗИДЗВИЛ/јули.05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со овој закон се уредуваат посебните услови за вработување и работење на инвалидни лица (кога самостојно вршат професија или дејност, кај работодавец или има својство на работодавец), како и условите за основање и погодностите за работење на трговското друштво за вработување на инвалидни лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако на вработеното инвалидно лице за кое се користени средства му престане работниот однос или работодавецот го намали бројот на вработени инвалидни лица на неопределено време, тогаш тој е должен во рок од 8 дена за настанатата промена да го извести Заводот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Висината на средствата кои се одвојуваат од подсметката на Аген- цијата за вработување за создавање на посебни услови за вработување и работење на инвалидни лица, адаптација на работното место и набавка на опрема претрпе три измени преку измените и дополнувањата на ЗВИЛ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако заштитното друштво не ги исполнува пре- двидените услови за поседување на тој статус во период до 90 дена, пропишано е дека нема да го загуби овој статус, но, при тоа не смее повеќе од три пати во последователни две години да го наруши минималниот процент на инвалидни лица или да падне под минималниот број на вкупно вработени работници на неопределено време.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така, на работодавачот ќе се доделуваат средства во висина: •  до 20 плати ако вкупниот број на вработени инвалидни лица е до 2; •  до 40 плати ако вкупниот број на вработени инвалидни лица е од 3 до 5; •  до 60 плати ако вкупниот број на вработени инвалидни лица е од 6 до 8; •  до 80 плати ако вкупниот број на вработени инвалидни лица е од 9 до 12; •  до 100 плати ако вкупниот број на вработени инвалидни лица е од 13 до 20; •  до 130 плати ако вкупниот број на вработени инвалидни лица е од 21 до 35; •  до 160 плати ако вкупниот број на вработени инвалидни лица е од 36 до 50 и •  до 200 плати ако вкупниот број на вработени инвалидни лица е над 51.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
105 Членот 16 од ЗВИЛ е едноставен, без комплицирани процедури, и ја регулира процедурата согласно која инвалидните лица кои самостојно вршат професија или дејност, заштитните друштва и другите правни лица кои вработуваат инвалидни лица бараат доделување на средства од Посебниот фонд.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Исто така, во поглед на правото на повторно користење на средства од Посебниот фонд за набавка на опрема, додаден е уште еден услов, имено, барателот да не го намали бројот на инвалидни лица за чие вра- ботување се користени средства од Фондот (чл. 4, ЗИДЗВИЛ/јули.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Конкретно, во поглед на прашањето за кои лица се однесуваат одредбите на овој закон, со првата измена и дополнување на ЗВИЛ, од 2004 година, беше прецизирано дека за инвалидни лица, во смисла на овој закон, ќе се сметаат лицата со оштетен вид, оштетен слух, со пречки во гласот, говорот и јазикот, телесни инвалидни лица, лица со лесни пречки во психичкиот развиток, лица со комбинирани пречки и лица со психози кои поради степенот на инвалидност имаат специфични потреби во работењето (чл. 2, ЗИДЗВИЛ/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Оваа промена го навестува големиот број на порестриктивни одредби во начинот на доделување на средствата за вработување на инвалидно лице на неопределено време. 107 Имено, се пропишува дека основен критериум за утврдување на висината на доделените неповратни средства ќе биде бројот на вработени инвалидни лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако на инвалидното лице му прекине работниот однос пред истекот на три години откако е вработен, корисникот е должен да вработи друго инвалидно лице без можност за повторно користење на средствата за вработување на инвалидни лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Битно за работниците е да знаат дека некој од правата кои инаку им следуваат по основ на привремена невработеност – тие автоматски ги губат ако добијат „дисциплински отказ“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На пример, законски права од осигурување во случај на невработеност, кај нас се: 1) паричен надоместок; 2) подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација); 3) право на здравствена заштита, во согласност со прописите за здравствена заштита; 4) право на пензиско и инвалидско осигурување, во согласност со прописите за ПИО на невработено лице корисник на паричен надоместок, на кое му недостасуваат најмногу до пет години пред исполнување услови за стекнување право на старосна пензија – а кое нема 15 години стаж на осигурување, до остварување на овој стаж; и 5) права на инвалидни лица за вработување со поволни услови во согласност со закон (чл. 54, ЗВОСН – неофицијален ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)